???????? ?? ???????? ?? ??????

Пребарај возен ред

 Повратен билет
 Единечен билет
Од

До

Датум на поаѓање

Датум на враќање

Број на патници

Пребарување нарачки

Број на нарачка
E-mail
Упатство за купување на билети

Пред да започнете со купување Ви препорачуваме детално и до крај да го прочитате упатството за купување на билети. Воглавно, сите информации поврзани со користење на сајтот, упатства, услови за употреба, политики на сигурност, приватност, испорака, рефундирање на средства и сл. се наоѓаат во секцијата Услови и правила во менито Возен ред.

Процедурата на купување започнува со пребарување низ возниот ред. Оваа функционалност ја нуди секцијата Пребарување на билети во менито Возен ред. Преку овој екран се избира типот на билет – повратен или единечен (билет во еден правец), почетна дестинација, крајна дестинација, датум на поаѓање и враќање и бројот на патници. Со клик на копчето Барај во десниот дел од екранот се прикажуваат резултатите од пребарувањето.



Пребарувањето е проширено не само за внесените датуми, туку и +/- одреден број на превозни термини. Иницијално е избран билетот кој има најниска цена. Изберете го билетот кој Вам најмногу Ви одговара. Она што е важно да знаете е дека при пребарување на повратни билети двата мора да бидат од ист превозник, и секако датумот на враќање мора да биде барем еден ден по датумот на поаѓање. Цените кои се прикажани се однесуваат на едно лице.

Во долниот дел од екранот прикажана е Вашата моментална селекција, т.е. датумот, времето на поаѓање и пристигнување, цената на билетите во двата правци, како и вкупната цена за сите патници. Откако ќе ги изберете билетите кои Ви одговараат кликнете на копчето Додади во кошничка. Со ова има привремена резервација на онолку седишта колку што внесовте број на патници. Оваа резервација истекува по 15 минути, а е официјална во моментот кога ќе се валидира плаќањето на билетот. Доколку добиете информација дека резервацијата не е успешна обидете се повторно да кликнете на копчето Барај.

Напомена: Резервации се однесуваат за билетот во правец од почетната до крајната дестинација. Резервации за повратниот билет се прават во моментот на пристигнување на крајната дестинација или неколку дена пред поаѓањето.

По успешната резервација се отвара екран преку кој се внесуваат податоци за корисниците. Одовде се внесува името и презимето на патниците, датумот на раѓање и бројот на пасош. Внимавајте точно да ги пополните податоците. Од датумот на раѓање зависи и цената на билетот. Имено, Македонија Сообраќај А.Д. во координација со своите превозници нуди различни попусти за различни возрасни групи.



Во долниот дел од екранот прикажана е Вашата селекција со и вкупната сума на нарачката со пресметани попусти за билетите. Со клик на копечто Потврди Ве водиме кон следниот чекор од процесот на купување – Потврда на нарачката.



Преку овој екран всушност се креира нарачката. Чекирајте ги сите ставки од нарачката кои сакате да ги купите и кликнете Потврди. Задолжителен е избор на барем една ставка. Со потврда се генерира нарачка во системот и на истата и се дава соодветен идентификатор (број на нарачка). Евидентирајте го бројот на нарачката за да го следите нејзиниот статус во понатамошните чекори од купувањето. Овој број се прикажува на следниот екран – екранот за пополнување на кориснички податоци.



Преку овој екран се пополнуваат податоците за корисникот како име, презиме, држава во која е издадена картичката со која ќе плаќате, е-маил адреса (заради достава на билет), телефон и адреса (заради евентуална физичка достава на билет) и сл. Сите овие податоци се задолжителни. Нивната приватност и сигурност е загарантиранта со политика за приватност и сигурност на Македонија Сообраќај А.Д. откако ќе ги внесете овие податоци, уште еднаш ќе биде побарано од Вас да ја потврдите нарачката со клик на копчето Плати.

По клик на Плати системот Ве пренасочува кон надворешениот систем за процесирање на плаќања со картички на CaSys.





Во овој чекор се пополнуваат бројот на картичката, име на имателот на картичката, тип и важност на платежната картичка како и CVV2/CVC2 контролниот број. Овие податоци се заштитени и се пренесуваат во системот преку сигурносен протокол (https) валидиран со SSL сертификат. Прикажана е и сумата која треба да ја платите, како и описот на нарачката.

По клик на Продолжи се појавува уште еден екран преку кој треба да го потврдите плаќањето. Доколку сите податоци се точно пополнети и има доволно средства на Вашата картичка системот ќе Ве информира за успешното плаќање. Во спротивно или пак доколку сами го откажете плаќањето добивате информација за неуспешно односно откажано плаќање.

Доколку плаќањето е успешно, системот треба внесенета резервација да ја конвертира во валиден билет. Доколку билетите се успешно внесени ќе добиете информација за успешно испроцесирана нарачка и ќе ги добиете купените билети преку е-маил. Доколку има проблем со внесување на билетот, истиот ќе биде соодветно разрешен од страна на Македонија Сообраќај А.Д, во спротивно уплатените средства ќе Ви бидат вратени.

Купените билети се доставуваат преку е-маил. Доколку не добиете таков е-маил, обидете се да ја пронајдете нарачката и да побарате повторно да Ви биде испратен е-маил. За таа цел потребно е да го внесете бројот на нарачката и Вашата е-миал адреса во делот Пребарување нарачки кој се наоѓа под менито Возен ред.

По клик на копчето Барај во десниот дел од екранот ќе биде прикажана бараната нарачка и нејзиниот статус. Доколку нарачката е успешна се појавува копче Испрати е-маил. Со клик на ова копче Ви се испраќа е-маил кој ги содржи купените билети во прилог.



Билет добиен во електронски формат преку платформата за онлајн продажба е веродостоен и автентичен како и билет купен во било кое продажно место на Македонија Сообраќај А.Д.

Македонија Сообраќај А.Д. не врши испорака на билети купени преку платформата за онлајн продажба, освен во случај на проблеми при доставата по пат на е-маил.

Аранжмани

Нашата туристичка агенција нуди голем број на аранжмани.
прочитај повеќе »
Aвтобуски превоз

Патувајте брзо и безбедно со Македонија Сообраќај.
прочитај повеќе »
Хотели / Апартмани


Погледнете ги објектите со кои располагаме.

прочитај повеќе »

 

Контакт

За подетални информации контактирајте не...
прочитај повеќе »

© 2011 | Македонија Сообраќај | Сите права се задржани.

Designed & developed by Artisoft.