??????? ??????? ?? ??????????
Контакт

08:00-20:00: 070-337161, 070-221925

08:00-16:00: 02/3292140, 02/3292141

 

Жиро сметка

210042364160120, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје

PDF »

Договори во патниот превоз

 

 

1.    Кај договорите за превоз на патници, регулирани согласно Законот за договорите за превоз во друмскиот сообраќај, во кој рок сметано од денот кога патувањето е завршено, односно требало да биде завршено, патникот е должен до превозникот да поднесе барање за надомест на штета поради задоцнување или прекин на патувањето?

1)     15 дена

2)     20 дена

3)     25 дена

 

2.    Согласно Законот за договорите за превоз во друмскиот сообраќај, побарувањата од договорот за превоз на предмети застаруваат за:

1)     1 година

2)     2 години

3)     3 години

 

3.    Согласно Законот за договорите за превоз во друмскиот сообраќај, рокот на застареност на побарувањата настанати поради смрт, оштетување на здравјето или повреда на патникот е:

1)     2 години

2)     3 години

3)     5 години

 

 

4.    Кај договорите за превоз на стока, регулирани во Законот за договорите за превоз во друмскиот сообраќај, превозникот одговара:

1)     за загубување или оштетување на пратката кое би се случило од моментот на преземањето до нејзинито предавање, како и за штетата настаната поради задоцнување на превозот и предавањето на предметот на примачот

2)     за оштетување на пратката настанато како резултат на виша сила

3)     за загубување, оштетување и задоцнување во превозот на пратката, настанати поради дејствија или пропуст на овластено лице.

 

Организација на трговските друштва

 

5.    Кое од следните правни субјекти не се смета за трговско друштво, согласно Законот за трговските друштва?

1)     стопанска интересна заедница

2)     друштво со ограничена одговорност

3)     акционерско друштво

 

6.    Оснивачки акт кај Друштвото со ограничена одговорност основано од едно лице е:

1)     договор 

2)     статут

3)     изјава

 

7.    Оснивачки акт кај Јавното трговско друштво е:

1)     договор 

2)     статут

3)     изјава

 

8.    Основачки акт кај Командитното друштво е:

1)     договор 

2)     статут

3)     изјава

 

9.    Основачки акт кај Командитното друштво со акции е:

1)     договор 

2)     статут

3)     изјава

 

10. Основачки акт кај Акционерското друштво е:

1)     договор 

2)     статут

3)     изјава

 

11. Основачки акт кај Друштвото со ограничена одговорност е:

1)     договор 

2)     статут

3)     изјава

 

12. За обврските на Јавното трговско друштво, основачите:

1)     не одговараат

2)     се одговорни во висина на оснивачкиот влог

3)     одговараат неограничено и солидарно со сиот свој имот

 

13. Акционерите за обврските на Акционерското друштво:

1)     не одговараат

2)     се одговорни во висина на оснивачкиот влог

3)     одговараат неограничено и солидарно со сиот свој имот

 

14. Во кое од следните трговски друштва, основачите за обврските на друштвото одговараат  неограничено и солидарно со сиот свој имот?

1)     Јавно трговско друштво

2)     Друштво со ограничена одговорност

3)     Акционерско друштво

 

15. Во командитното друштво, право да учествуваат во управувањето и застапувањето на друштвото имаат:

1)     комплементари

2)     командитори

3)     комплементари и командитори

 

16. Колкава е висината на минималната основната главнина кај Друштвото со ограничена одговорност?

1)     1000 евра во денарска противвредност

2)     2000 евра во денарска противвредност

3)     5000 евра во денарска противвредност

 

17. Колкава е минималниот поединечен влог на содружниците кај Друштвото со ограничена одговорност?

1)     100 евра во денарска противвредност

2)     200 евра во денарска противвредност

3)     500 евра во денарска противвредност

 

18. Колку најмногу содружници може да има Друштвото со ограничена одговорност?

1)     50 содружници

2)     100 содружници

3)     150 содружници

 

19. Кој врши надзор над работењето на Друштвото со ограничена одговорност?

1)     управител

2)     раководител

3)     содружниците (поединечно или заеднички)

 

20. Надзорниот одбор кај Друштвото со ограничена одговорност е

1)     задолжителен орган

2)     незадолжителен орган

3)     орган чие што постоење зависи од одлуката на управителот

 

21. Оснивачкиот капитал во Командитното друштво е претставен со:

1)     удели

2)     акции

3)     обврзници

 

22. Колкав е најмал номинален износ на основна главнина кај симултано основаното Акционерско друштво?

1)     25.000 евра во денарска противвредност

2)     50.000 евра во денарска противвредност

3)     60.000 евра во денарска противвредност

 

23. Колкав е најмал номинален износ на основна главнина кај сукцесивно основаното Акционерско друштво?

1)     25.000 евра во денарска противвредност

2)     50.000 евра во денарска противвредност

3)     60.000 евра во денарска противвредност

 

24. Номиналниот износ на акцијата не може да биде помал од:

1)     1 евро во денарска противвредност

2)     10 евро во денарска противвредност

3)     100 евро во денарска противвредност

 

25. Која е надлежна институција за упис на трговските друштва во трговски регистар?

1)     надлежен суд

2)     Централен регистар

3)     завод за статистика 

 

26. Условите кои што трговското друштво треба да ги исполни за да се запише во трговскиот регистар се содржани во:

1)     Законот за трговските друштва

2)     Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица

3)     Законот за работните односи

 

27. Која е крајна цел на ликвидационата постапка?

1)     поделба на имотот на друштвото меѓу основачите на друштвото

2)     намирување на побарувањата на доверителите

3)     наплата на побарувањата на друштвото

 

28. Целта на стечајната постапка е:

1)     поделба на имотот на друштвото меѓу основачите на друштвото

2)     намирување на побарувањата на доверителите

3)     наплата на побарувањата на друштвото

 

29. Неспособноста за плаќање на должникот, која се јавува како услов за поведување на стечајна постапка, постои кога од која било негова сметка не е исплатен износ што требало да биде исплатен врз основа на важечките основи за плаќање во рок од

1)     45 дена

2)     60 дена

3)     90 дена

 

30. Во кој рок, сметано од денот на настанување на причините за отворање на стечајна постапка, органите на должникот овластени за негово застапување според закон (извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител кој во осгласност со закон го застапува друштвото), се должни да поднесат предлог за поведување на стечајна постапка

1)     21 ден

2)     100 дена

3)     120 ден       

 

31. Трговското друштво престанува со:

1)     одлука на содружниците за престанок на друштвото

2)     спроведување на постапка за ликвидација

3)     бришење на друштвото од трговскиот регистар


Работни односи

 

32. Согласно Законот за работните односи, работодавачите заради претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални  и други интереси имаат право да основаат и членуваат во:

1)     синдикати

2)     здруженија на работодавачи

3)     стопанска комора

 

33. Колку денови платен одмор во текот на една година има работникот  заради лични и семејни околности?

1)     7 работни дена

2)     20 работни дена

3)     30 работни дена

 

34. За време на траење на неплатено отсуство од работа, на работникот

1)     му мируваат правата и обврските од работниот однос

2)     му се исплатува најниска плата и придонесоци од плата

3)     му се исплатуваат придонесоци од плата

 

35. Во текот на календарската година, работникот има право на неплатено отсуство од работа, најдолго до:

1)     1 месец

2)     2 месеци

3)     3 месеци

 

36. Колкав временски период е потребен за работниот однос кој што е склучен на определено време се трансформира во работен однос на неопределено време?

1)     4 години со или без прекин

2)     5 години со или без прекин

3)     6 години со или без прекин

 

37. Под услов да бидат исполнети претпоставките за стекнување право на цел годишен одмор, колку најмалку работни дена годишен одмор може да користи повозрасен работник (жена над 57 години и маж над 59 години)?

1)     18

2)     20

3)     23

 

38. Колкав временски период е потребен за да работникот се стекне со право на користење на цел годишен одмор?

1)     минимум 6 месеци непрекината работа

2)     минимум 6 месеци работа со или без прекин

3)     минимум 8 месеци непрекината работа

 

39. Со колкава парична казна може да биде заменето решението за забрана за вршење на работа на работодавецот, донесено од страна на инспекторот на трудот?

1)     150.000,00 денари

2)     300.000,00 денари

3)     500.000,00 денари

 

40. Каква е улогата на мировниот совет кај мирното решавање на индивидуалните и колективните работни спорови?

1)     да им помогне на страните во спорот во изнаоѓањето на заедничко решение

2)     да донесе одлука која ќе биде конечна и задолжителна за двете страни

3)     доколку страните не можат да се спогодат, да го реши спорот по пат на донесување на мериторна одлука.

 

41. Доколку работникот и работодавачот се договорат за арбитражно решавање на колективен работен спор, улогата на арбитражата е:

1)     да донесе конечна одлука за двете страни

2)     да донесе одлука која ќе биде конечна и задолжителна за двете страни

3)     доколку страните не можат да се спогодат, да го реши спорот по пат на донесување на мериторна одлука.

 

42. При поднесување на барање за  добивање на лиценца за вршење на меѓународен превоз на патници и стока, превозникот е потребно да достави доказ дека располага со сопствен капитал од минимум:

1)     1000 ЕВРА во денарска противвредност по возило

2)     2000 ЕВРА во денарска противвредност по возило

3)     3000 ЕВРА во денарска противвредност по возило

 

43. Колкав е рокот на важност за лиценците за меѓународен превоз на стока?

1)     3 години

2)     4 години

3)     5 години

 

44. Колкав е рокот на важност за лиценците за авто такси превоз на патници?

1)     1 година

2)     3 години

3)     4 години

 

45. За лиценците што се издаваат со рок на важење од четири години, во кој рок пред истек на важноста на лиценцата, превозникот е должен да поднесе барање до надлежен орган за издавање на нова лиценца?

1)     6 месеци

2)     8 месеци

3)     10 месеци

 

46. Во кој рок превозникот е должен да ги извести надлежните органи за настанатите промени во поглед на исполнувањето на условите за добивање на лиценца?

1)     15 дена

2)     30 дена

3)     60 дена 

 

47. Во кој рок, сметано од доставувањето на правосилно решение со кое на превозникот му е одземена лиценцата, превозникот е должен на органот што ги издал да ги врати лиценцата и изводите од лиценца?

1)     8 дена

2)     30 дена

3)     40 дена

 

48. Колкава може да биде најмалата висина на надомест на плата, која на работникот му се исплатува за време на привремена спреченост за работа?

1)     70% од основицата за надоместок на плата

2)     80% од основицата за надоместок на палата

3)     90% од основицата за надоместок на плата

 

49. Кога привремена спреченост за работа е предизвикана со повреда на работа или професионална болест, на работникот му се исплатува надомест на плата во висина од:

1)     70 % од основицата за надоместок на плата

2)     90% од основицата за надоместок на плата

3)     100% од основицата за надоместок на плата

 

50. Кое од следните права не спаѓа во категоријата права кои произлегуваат согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување?

1)     право на семејна пензија

2)     право на паричен надоместок за телесно оштетување

3)     право на паричен надоместок за помош и нега

 

51. Согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, работодавците се должни до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да доставуваат пресметка за плата и придонеси од плата најдоцна до:

1)     31 во месецот

2)     8 во тековниот за предходниот месец

3)     15 во тековниот за предходниот месец

 

Даноци, такси и надоместоци

 

52. Што е предмет на оданочување  со ДДВ?

1)     прометот на добра  и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност и увозот на добра.

2)     прометот на добра и услуги кој се врши без надомест во земјата.

3)     прометот кој се врши меѓу правно лице од Р. Македонија и правно лице од странство.

 

53. Кој има обврска за задолжителна регистрација за целите на ДДВ?

1)     даночни обврзници кои во изминатата календарска година оствариле вкупен оданочив промет над 500.000 ден.

2)     над 1.300.000 денари

3)     над  2.000.000 денари

 

54. Со кои пропорционални стапки се пресметува ДДВ?

1)     10% и 12%

2)     18% и    5%

3)     19% и    5%

 

55. Која е даночна  стапка на  данокот  на добивка

1)     15%

2)     30%  

3)     10%

 

56. Персоналниот данок на доход е данок што го плаќаат

1)     сите физички и правни лица што се даночни обврзници

2)     даночни обврзници - правни лица на севкупниот приход

3)     даночните обврзници - физички лица на севкупниот приход што го остваруваат од  разни извори, во земјата и странство во текот на една календарска година.

 

57. Кој се задолжителни социјални придонеси што ги плаќаат работодавците

1)     придонес за пензиско и инвалидско осигурување, придонес за здравство и придонес за вработување

2)     придонес за пензиско и инвалидско осигурување

3)     придонес за пензиско и инвалидско осигурување и здравство

 

Трошоци на работењето

 

58. Возилото се амортизира по:

1)     бројот на години на користење на возилото 

2)     поминати 3 години

3)     направен дефект на возилото

 

59. Трошокот по километар може да се категоризира како:

1)     осигурување на возилото

2)     трошок за гориво 

3)     данок на возилото

 

60. Учеството на горивото во структурата на трошоците во превозот на стоки и патници изнесува околу:

1)     5 до 10%

2)     13 до 16%

3)     25 до 35%

 

61. Учеството на платите во структурата на трошоците во превозот на стоки и патници изнесува околу:

1)     10%

2)     20%     

3)     30%

 

62. Просечната потрошувачка на гориво за товарно возило во калкулацијата на трошоците изнесува:

1)     42 литра

2)     38 литра

3)     36 литра

 

63. Во калкулацијата за трошоците на товарно возило се калкулира со вкупно поминати километри во текот на годината од:

1)     60.000 км

2)     70.000 км     (+)

3)     80.000 км

 

64. Просечната потрошувачка на гориво за автобус во калкулацијата на трошоците изнесува:

1)     22 литра

2)     28 литра

3)     32 литра      (+)

 

65. Во калкулацијата за трошоците на автобус се калкулира со вкупно поминати километри во текот на годината од:

1)     85.000 км     (+)

2)     77.000 км    

3)     70.000 км 

Инкотермс и маркетинг

 

66. Според која клаузула одговорноста врз стоката во целост паѓа на товар на купувачот:

1)     CFR – Трошоци и возарина;

2)     EXW – Од фабрика;

3)     DAF – Испрачано граница

 

67. Според која клаузула одговорноста врз стоката во целост паѓа на товар на продавачот:

1)     DEQ – Испорачано од кеј;

2)     DDP -  Испорачано давачки платени;

3)     DAF – Испорачано граница.

 

68. Која од наведените клаузули не се користи во поморскиот превоз:

1)     CIF – Трошоци, Осигурување, Возарина;

2)     CIP –  Превоз, Осигурување;

3)     DEQ – Испорачано на кеј.

 

69. Кој се групите на категории на INCOTERMS:

1)     E;F;C;D.

2)     A;C;D;F.

3)     X;C;E;F.

 

70. Денес можеме да речеме дека во фокусот на компаниите е:

1)     Добавувачот;

2)     Продавачот;

3)     Потрошувачот.

 

71. Истражувањето на пазарот можеме да го извршиме преку:

1)     Статично и Константно истражување;

2)     Статично и Динамично истражување;

3)     Повремено и Резервирано истражување.

 

72. Динамичното истражување на пазарот вклучува:

1)     Анкети, Реклами, Фокус групи.

2)     Интервјуа, Фокус групи, Публикации.

3)     Анкети, Интервјуа, Фокус групи.

 

73. Маркетинг стратегијата (SWOT анализата) се обидува да ги анализира:

1)     Предностите; Слабостите; Можностите; Заканите.

2)     Кампањи; Конкуренција; Предности; Заостанување.

3)     Реклами; Кампањи; Конкуренција; Можности.

 

74. Што го сочинува маркетинг миксот:

1)     Цена, Производ, Промоција, Конкуренција.

2)     Производ, Конкуренција, Маркетинг, Промоција.

3)     Цена, Производ, Промоција, Место

 

75. Кој се трошоците при подигнување на кредит:

1)     Камата, Провизија, Надомест за гаранции.

2)     Камата, Клиринг, Депозит.

3)     Депозит, Камата, Провизија.

 

76. Какви видови на залог постојат?:

1)     Рачен и Подвижен;

2)     Материјален и Статичен;

3)     Рачен и Хипотека.

 

77. Какви видови на лизинг постојат?

1)     Финансиски и Каматен;

2)     Каматен и Бескаматен;

3)     Финансиски и Оперативен. 


Биланс на состојба, биланс на успех

 

78. Билансот на состојбата се состои од:

1)     актива и пасива

2)     трошоци и расходи

3)     залихи и парични средства

 

79. Билансот на успех дава слика за:

1)     побарувањата и обврските

2)     приходите и расходите

3)     залихите и паричните средства 


Технички теми товарен

 

80. Што дефинира ЦМР Конвенцијата?

1)     одговорноста на превозникот и документите кои треба да се носат во возилото при вршење на меѓународен превоз на стока;

2)     финансова гаранција за стоката која се превезува;

3)     документ кој вообичаено го следи превозот.

 

81. ЦМР товарниот лист во исто време е и договор за превоз на стоката. Помеѓу кои две странки?

1)     испраќачот и примачот

2)     испраќачот и превозникот

3)     превозникот и примачот

 

82. Во колку примерока треба да биде направен ЦМР товарниот лист?

1)     по еден за испраќачот и примачот и 5 резервни примерока;

2)     по еден за испраќачот, превозникот и примачот и четири резервни примерока;

3)     по два за испраќачот и превозникот и четири резервни примерока.

 

83. Што треба да направи превозникот ако не бил присутен на натоварот или не може да ја контролира исправноста на податоците за стоката впишани на товарниот лист?

1)     да ги запише своите забелешки во рубриката наменета за нив;

2)     да бара од испраќачот да му овозможи присуство на повторниот натовар на стоката;

3)     да не се потпише на товарниот лист во рубриката наменета за тоа.

 

84. Што треба да направи превозникот ако од било кои причини не може да ги исполни условите за испорака наведени во товарниот лист?

1)     треба да превземе мерки за да ја продаде стоката што побргу;

2)     ќе бара инструкции од лицето овластено да располага со стоката;

3)     треба да ја истовари стоката во најблиското царинско складиште.

 

85. Кога стоката се смета за изгубена согласно ЦМР Конвенцијата?

1)     10 дена по истекот на договорениот рок за испорака;

2)     30 дена од денот на утоварот доколку не е договорен рок за испорака;

3)     30 дена  по истекот на договорениот рок за испорака или 60 дена од денот на утоварот, доколку не е договорен рок на испорака.

 

86. Каков документ е ТИР карнетот?

1)     пропратен документ во кој е назначено местото на истовар;

2)     финансов документ кој ја следи стоката која се транзпортира и гарантира плаќање на сите давачки во врска со истата (царина, ДДВ, такси и тн.);

3)     пропратен документ во кој се специфицира стоката која се превезува, нејзината тежина и вредност.

 

87. Кој ги издава ТИР карнетите во Р. Македонија?

1)     Министерството за транспорт;

2)     СИЗ Македонија Сообраќај;

3)     Стопанската Комора на Р. Македонија.

 

88. Какви ТИР карнети не постојат?

1)     со 4 листа;

2)     со 8 листа;

3)     со 14 листа.

 

89. Колкава е важноста  на сите видови ТИР карнети?

1)     45 дена со продолжување од 15 дена;

2)     60 дена;

3)     75 дена.

 

90. Како се пополнува ТИР карнетот?

1)     со машина за пишување;

2)     рачно со ракописни букви;

3)     на машина или рачно со латинични печатни букви.

 

91. Колку вкупно утоварни и истоварни места можат да бидат  опфатени со еден ТИР карнет?

1)     2 (две);

2)     3 (три);

3)     4 (четири)

 

92. ТИР карнет е отворен во една царинска испостава. Рокот на важност му истекува по два дена, а превозот треба да трае четири дена. Што е точно во овој случај?

1)     ТИР карнетот ќе важи само два дена, а потоа мора да се направи друг пропратен документ за гаранција на давачките;

2)     ТИР карнетот ќе важи се` до завршувањето на превозот, иако рокот на важење му истекол;

3)     таков ТИР карнет не смее да се употребува за превоз.

 

93. Каква е постапката во случај на губење на ТИР карнетот?

1)     транспортот може да продолжи понатам;

2)     се известува најблиската царинарница;

3)     веднаш се известува здружението-гарант кое го издало ТИР карнетот и понатаму се постапува согласно нивните упатства.

 

94. Што се прави со искористените ТИР карнети по завршувањето на транспортот?

1)     се чуваат во фирмата најмалку 1 година;

2)     може да се уништат, под услов да биле правилно раздолжени во одредишната царинска испостава;

3)     се враќаат на здружението – гарант кое ги издало.

 

95. Кои стоки  се нарекуваат стоки со “висок ризик”?

1)     стоки кои се  означени од страна на ИРУ и неговите осигурители;

2)     сите акцизни стки;

3)     стоки кои ги определиле  поедини земји.

 

96. Каков документ претставува единствениот царински документ (ЕЦД)

1)     документ за влез на царински терминал

2)     пропратница за превоз на стока низ Македонија

3)     документ со кој се врши контрола  на меѓународната трговија со меѓународно признати формулари за увоз, извоз и транзит

 

97. Што значи скратеницата ЕЦД во меѓународниот превоз на стока?

1)     Електронска Царинска Декларација;

2)     Единствена Царинска Давачка;

3)     Единствен Царински Документ.

 

98. Кој треба да го пополни ЕЦД?

1)     испраќачот на стоката;

2)     царинските органи;

3)     превозникот.

 

99. Што претставува АТА карнет?

1)     документ кој овозможува привремен извоз и транзит на производи кои ќе се вратат во државата на потеклото;

2)     документ за потекло на стоката;

3)     сертификат за квалитет.

 

100.      За што може да се користи еден АТА карнет?

1)     за привремен извоз на возила за поправка во други земји;

2)     за привремен извоз на стоки за меѓународни изложби;

3)     за привремен извоз на стоки заради доработка во странство.

 

101.      Кој ги издава АТА карнетите во Р. Македонија?

1)     Министерството за транспорт;

2)     СИЗ Македонија Сообраќај;

3)     Стопанската Комора на Р. Македонија.

 

102.      Кој е рокот на важност на АТА карнетот?

1)     6 (шест) месеци;

2)     12 (дванаесет) месеци;

3)     18 (осумнаесет) месеци

 

103.      Дали ЦЕМТ дозволите важат за транспортни операции помеѓу држава-членка на ЦЕМТ и трета земја?

1)     не

2)     да

3)     важат ако така билатерално е договорено помеѓу две земји

 

104.      Кој ги издава ЦЕМТ дозволите?

1)     Стопанската Комора на Р. Македонија;

2)     Министерството за транспорт и врски;

3)     Министерството за внатрешни работи.

 

105.      Што претставува бруто тежина на возилото?

1)     тежината само на товарот;

2)     тежината на празно возило;

3)     вкупна тежина на возилото вклучувајќи ја и неговата носивост.

 

106.      Кој е одговорен за обезбедување и прицврстување на товарот во возилото?

1)     лицата кои вршат утовар

2)     возачот

3)     лицата кои вршат утовар и возачот

 

107.      Колку изнесува максимално дозволената бруто тежина на комбинација на возила (влекач со полуприколка)?

1)     35 Т;

2)     40 Т;

3)     42 Т.

 

108.      Колку изнесува максималниот притисок по единечна осовина на патнички автобус?

1)     8 Т;

2)     10 Т;

3)     16 Т.

 

109.      Колку изнесува максималниот притисок по тандем (двојна) осовина на товарно возило со растојание на оските од 1 до 2 метра?

1)     12 Т;

2)     16 Т;

3)     18 Т.

 

110.      Колку изнесува максималниот притисок по тројна осовина на товарно возило со растојание на оските од 1 до 2 метра?

1)     18 Т;

2)     20 Т;

3)     24 Т.

 

111.      Колку изнесува максимално дозволената височина на товарно или патничко возило?

1)     3,8 m;

2)     4 m;

3)     4,1 m.

 

112.      Колку изнесува максимално дозволената широчина на товарно или патничко возило?

1)     2,4 m;

2)     2,5 m;

3)     2,65 m.

 

113.      Колку изнесува максимално дозволената должина на автобус со зглобна конструкција или автобус со приколка?

1)     16,5 m;

2)     17 m;

3)     18 m.

 

114.      Кој е одговорен за издавање на одобренија за вонгабаритни товари?

1)     Министерство за транспорт и врски;

2)     Министерство за внатрешни работи;

3)     Македонија Пат.

 

115.       Каков тип на одобрение треба да поседува возило за превоз на запалливи течности?

1)     FL;

2)     EXII;

3)     AT.

 

116.      Кои од следните возила подлежат на вонреден технички преглед?

1)     возила за превоз на замрзнати прехрамбени производи;

2)     возила за превоз на жива стока;

3)     такси возила.

 

117.      Дали возило за превоз на жива стока подлежи на вонреден технички преглед?

1)     Да

2)     Не

3)     Да, ако со него се возат живи животни подолго од 8 часови дневно.

 

118.      Колку изнесува максимално дозволената бучава на возилата со моќност поголема од 150 kW?

1)     75 dB (A)

2)     80 dB (A)

3)     85 dB (A)

 

119.      Каков вид на мултимодален превоз е Ro-Ro превозот?

1)     Комбинација помеѓу патен и железнички превоз

2)     Комбинација помеѓу патен и бродски превоз

3)     Комбинација помеѓу патен и воздушен превоз

 

120.      Каква е разликата помеѓу Ro-Ro превозот и превозот со траект?

1)     На траектот се качуваат и полуприколкaта и влекачот, додека при Ro-Ro превозот се качува само полуприколката

2)     Траектот е комбинација помеѓу патен и бродски превоз, додека Ro-Ro превозот е комбинација помеѓу патен и железнички превоз.

3)     При Ro-Ro превозот на брод се качуваат само контејнерите, додека на траект се качуваат цели полуприколки

 

121.      Што значи АДР?

1)     Договор за патниот превоз на опасни материи низ Европа

2)     Договор за превоз на опасни материи по море

3)     Договор за билатералните превози на опасни материи во ЕУ

 

122.      Колку класи на опасни материи постојат според класификацијата во АДР спогодбата?

1)     7 класи

2)     9 класи

3)     14 класи

 

123.      Во која класа на опасни материи спаѓа бензинот?

1)     3. класа

2)     5. класа

3)     8. класа

 

124.      Колкава е димензијата на портокаловата табличка за означување на опасни материи кои се превезуваат со товарни возила?

1)     250 х 250 mm

2)     300 x 300 mm

3)     300 x 400 mm

 

125.      Колкава е димензијата на налепниците со кои се означуваат цистерните за превоз на опасни материи?

1)     200 х 300 mm

2)     250 x 250 mm

3)     300 x 400 mm

 

126.      Што значи бројната ознака „33“ впишана во горната половина на портокаловата табличка?

1)     дека се превезуваат лесно запалливи течности

2)     дека се превезуваат тешко запалливи течности

3)     дека се превезуваат запалливи гасови

 

127.      Дали претпријатијата кои вршат само складирање на опасни материи се обврзани да ангажираат советник за превоз на опасни материи?

1)     не

2)     не, ако само вршат складирање на опасните материи

3)     да

 

128.      На колку години треба да се врши проверка на возилото за добивање на АДР дозвола за техничка исправност?

1)     1 година;

2)     2 години;

3)     5 години.

 

129.      Обновување на АДР сертификатот за возачот може да се направи:

1)     по три години и пред завршувањето на четвртата година;

2)     по четири години и пред завршувањето на петата година;

3)     по пет години и по завршувањето на шестата година;

 

130.      Која институција во Македонија е овластена за издавање на АДР сертификати за возилата?

1)     Министерството за транспорт и врски

2)     Машинскиот факултет

3)     Министерството за внатрешни работи

 

131.      Која институција во Македонија е овластена за издавање на АДР сертификати за возачите кои превезуваат опасни материи?

1)     Министерството за транспорт и врски

2)     Машинскиот факултет

3)     Министерството за внатрешни работи

 

132.      Што е битно за упатствата за посебни мерки на безбедност во случај на незгода?

1)     треба да бидат напишани на јазиците на сите земји низ кои проаѓа возилото при превозот на опасните материи

2)     треба да се чуваат заедно со упатствата од претходните превози

3)     мора да бидат заверени од страна на Министерството за транспорт и врски

 

133.      Колку изнесува максималната брзина на движење на возило кое превезува опасни материи според АДР спогодбата?

1)     56 km/h

2)     70 km/h

3)     80 km/h

 

134.      Што значат буквите FRC на возилото со разладен уред?

1)     товарен простор опремен со механички разладен уред, зголемена изолација и може да одржува температура до -200С

2)      товарен простор опремен со механички разладен уред, нормална изолација и може да одржува температура до 00С

3)     товарен простор опремен со уред за греење, зголемена изолација и може да одржува температура до 120С

 

135.      За какви превози се однесува договорот АТР?

1)     превоз на опасни материи

2)     превоз на лесно расипливи стоки

3)     превоз на живи животни

 

136.      Какви посебни услови треба да се обезбедат во товарниот дел на возилото со кое се превезуваат живи свињи?

1)     треба да се обезбеди покривка од слама во висина од најмалку 20 cm

2)     треба да се остави доволно простор да може сите свињи истовремено да легнат

3)     товарниот оддел треба да има отворен кров за да има добра вентилација


Технички теми патнички

  

137.      За да добие лиценца за меѓуопштински линиски превоз на патници, превозникот поред другите критериуми треба да располага најмалку со:

1)     два автобуси со 51+1 седиште

2)     два автобуси со 22+1 седиште

3)     два автобуси со 8+1 седиште

 

138.      Автобуски терминал е:

1)     место каде се паркираат возилата

2)     место каде свртуваат возилата

3)     место каде свртуваат возилата и патниците влегуваат и излегуваат

 

139.      Каботажа е:

1)     превоз на патници на странски превозник во Р. Македонија

2)     превоз на македонски превозник од Македонија до друга земја

3)     превоз на наш превозник во Р. Македонија

 

140.      ИНТЕРБУС спогодбата регулира:

1)     меѓународен редовен линиски превоз

2)     повремен меѓународен превоз

3)     меѓуградски линиски превоз 


Возачки часови и тахографи

 

141.      Колку може да вози најдолго еден возач  часови пред да направи пауза?

1)     7 часа

2)     4 часа и 30 минути

3)     4 часа

 

142. Колку е мaксимaлно дозволеното дневно времетрaење нa возење?

1)     6 часа

2)     8 часа и 30 минути

3)     9 часа

 

143.      Колку часови може да возат непрекинато во текот на денот возачите на автобуси во јавниот градски превоз?

1)     6 часа

2)     7 часа

3)     8 часа

 

144.      Колку часа максимум се дозволени за возење во период од две последувателни седмици?

1)     75 часа

2)     85 часа

3)     90 часа

 

145.      Колкав мора да биде дневен одмор на еден возач во период од 24 часа?

1)     10 часа

2)     12 часа

3)     11 часа

 

146.      Колку часа вообичаено трае  седмичен одмор?

1)     35 часа

2)     45 часа

3)     48 часа

 

147.      Во случај когa со возилото упрaвувaaт двa возaчa, колку часа одмор морa дa имa секој од нив според законот во Р. Македонија?

1)     најмалку  6 часа во 30 часовен период

2)     најмалку  8 часа во 30 часовен период

3)     најмалку  10 часа во 30 часовен период

 

148.      Согласно законските норми потребно е инсталирање и користење на тахограф во возила со максимално дозволена тежина од најмалку:

1)     3,7 тона

2)     3,5 тона

3)     9 тона

 

149.      Согласно зaконските норми потребно е инстaлирaње и користење нa тaхогрaф во возила за превоз на повеќе од:

1)     5 патници

2)     8 патници

3)     22 патници

 

150.      Во случaј нa контролa во земјите на ЕУ, по 01.01.2008 година, возaчот морa дa ги покaже искористените тaхогрaфски листови зa период од:

1)     7 дена

2)     15 дена

3)     28 дена

 

151.      Пред почнувaње со возење нa возило зa кое е зaдолжителнa употребa нa тaхогрaф, кој подaтоци меѓу другите возaчот морa дa ги пополни во средишното поле нa тaхогрaфскиот лист?

1)     име на компанијата

2)     регистрацијата на возилото

3)     брзина на движење

 

152.      Ако за време на превозот се поминуваат различни часовни зони, дали возачот треба да го усогласи времето на тахографот со времето во часовната зона во која се наоѓа?

1)     да, ако превозот е подолг од 500 km

2)     да, само ако се поминуваат повеќе од две часовни зони

3)     не

 

153.      Кои од наведените елементи не се запишуваат на тахографскиот листа?

1)     Променaтa нa брзинaтa нa возилото

2)     Вкупното поминaто рaстојaние

3)     Потрошувачка на гориво за поминати 100 километри

 

154.      Тахографот во возилото мора да биде калибриран. После колку години се врши повторно рекалибрирање?

1)     2 години

2)     4 години

3)     6 години

 

155.      Согласно Директивата на ЕУ за возачки часови и тахографи, тахографот во возилот мора да се проверува секои:

1)     6 месеци

2)     2 години

3)     3 години

 

156.      На пат тахографот станува неупотреблив. Возачот рачно мора да ги внесува:

1)     времето на возење и одмор

2)     брзината

3)     изминатиот пат 


Безбедност во патниот превоз

 

157.      Од моментот кога возачот ќе забележи опасност на патот, до моментот кога ќе почне да реагира (да притисне на кочницата), изминува   одредено време. Колку просечно изнесува тоа време?

1)     околу 0,1 секунда

2)     околу 0,8 секунди

3)     околу 2 минути

 

158.      За безбедноста во движењето важни се способностите на секој возач да ја набљудува и проценува состојбата на патот, да ги планира идните реакции, и да ги предвидува реакциите на останатите учесници во сообраќајот. Како се нарекува ваквите вештина на возење.

1)     брзо возење

2)     агресивно возење

3)     дефанзивно возење

 

159.      Колку изнесува процентот на сообраќајни несреќи кои се случиле поради човечкиот фактор?

1)     40 до 70%

2)     80 до 85%;

3)     95 до 99%.

 

160.      Наведете која е главата причина за случување на сообраќајни незгоди.

1)     Човечкиот фактор

2)     Неисправност на возилото

3)     Временските услови

 

161.      Кој фактор е најчест причинител на сообраќајни незгоди во кои се вклучени стопански возила?

1)     Замор кај возачот; (во Европа околу 1000 возачи годишно загинуваат поради замор)

2)     Невнимателно претекнување

3)     Управување на неисправно возило

 

162.      Која е основната безбедносна мерка за намалување на ризиците при случување на сообраќајни незгоди.

1)     Ограничувања на брзината

2)     Ограничување на годините на возачот

3)     Ограничување на староста на возилото

 

163.      Возач кој управува со моторно возило со кое се врши јавен превоз мора да изврши  преглед:

1)     на 1 година

2)     на 3 години

3)     на 4 години

 

164.      Возач кој управува со моторно возило за превоз на патници дозволено е да има:

1)     0,1 % алкохол

2)     0,5 % алкохол

3)     0,0 % алкохол

 

165.      Колку промили алкохол е дозволено да има почетник кој управува со моторно возило?

1)     0,0 ‰ алкохол

2)     0,1 ‰  алкохол

3)     0,5 ‰  алкохол

 

166.      Во случај на сообраќајна незгода во која има повредени возачот мора:

1)     да ја извести полицијата

2)     да го помести возилото на безбедно растојание

3)     да остане до возилото додека не пристигне брза помош.

 

167.      Возачката дозвола се издава со рок на важност од:

1)     5 година

2)     10 години

3)     15 години

 

168.      За лица постари од 65 години возачка дозвола се издава со важност од:

1)     1 година

2)     2 години

3)     3 години

 

169.      Колку изнесува максимално дозволената брзина на товарни возила со вкупна маса не поголема од 7.500 kg?

1)     70 km/h

2)     80 km/h

3)     85 km/h

 

170.      Возило (автобус) кое превезува деца на јавни патишта, може да се движи со брзина од:

1)     70 km/h

2)     80 km/h

3)     60 km/h

 

PDF »

Аранжмани

Нашата туристичка агенција нуди голем број на аранжмани.
прочитај повеќе »
Aвтобуски превоз

Патувајте брзо и безбедно со Македонија Сообраќај.
прочитај повеќе »
Хотели / Апартмани


Погледнете ги објектите со кои располагаме.

прочитај повеќе »

 

Контакт

За подетални информации контактирајте не...
прочитај повеќе »

© 2011 | Македонија Сообраќај | Сите права се задржани.

Designed & developed by Artisoft.