???????? ?? ??????????

Пребарај возен ред

 Повратен билет
 Единечен билет
Од

До

Датум на поаѓање

Датум на враќање

Број на патници

Пребарување нарачки

Број на нарачка
E-mail
Политика на приватност

Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со Законот за заштита на личните податоци (“Службен весник на Република Македонија” бр.7/05 и 103/08). Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на платформата за онлајн продажба на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д., и е насочена кон заштита на вашата приватност онлајн. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте го долунаведениот текст за да научите кои податоци ние ги земаме од Вас и како ги користиме тие податоци.

Прибирање и обработка на лични податоци

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат Вас, на пример, вашето име, вашата адреса (e-mail или поштенска). МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. не чува податоци од Вас, освен ако не е за конкретна намена, на пример, да купите билет, да се регистрирате на нашата платформа и сл. Во случај на купување на билет, податоците кои се ги превзема МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. се оние кои се дефинирани соодветно законите и прописите. МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. нема пристап до информациите поврзани со Вашата картичка или со Вашата банкарска сметка.

Користење и чување на личните податоци

МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за техничките потреби на платформата за онлајн продажба, за да ви овозможи пристап до специфични информации, или за општа комуникација со Вас. Вашите лични податоци ќе бидат искористени за дефинирање на билетот, за анализа и подобрување на нашата платформа, како и за подобрување на понудата на билети и други ваши барање во иднина. Вработените во МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци. Во никој случај нема да ги злоупотребуваме вашите лични податоци. Никогаш нема да ги делиме со трета страна, освен во случаи предвидени со законот. Никогаш нема да ви праќаме e-mail пораки за кои вие не сте дале согласност, со исклучок на пораки поврзани со купувањето.

Слобода на избор

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци, ве молиме имајте предвид дека можеби нема да ви бидат достапни некои делови од платформата за онлајн продажба, како ни можноста за купување на билети.

Серверски логови

Со секоја посета на платформата за онлајн продажба на билети, нашиот Веб сервер води логови, во кои се запишува IP адреса, прелистувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и преземена датотека од сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.

Cookies

Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на порталот според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.

Согласност

При вашата посета на платформата за онлајн продажба на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. нема да вршиме собирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации и кога тие се неопходни, на пример, при електронски нарачки на билети, анкети, или барања за информации. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета се обработуваат согласно законските прописи на Р. Македонија.

Безбедност


МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. се обврзува да ја заштити безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап. Заштитата и безбедноста на Вашите лични податоци ја сфаќаме сериозно и одговорно. За таа цел, веб страницата до која пристапувате користи SSL сертификат за безбеден пристап до истата и за заштита на личните податоци при купувањето на билет. Сите трансакции се одвиваат преку CaSys системот и се шифрирани со последната верзија на SSL технологија за заштита.




Безбедноста на вашите трансакции е загарантирана со безбедносните програми MasterCard Secure Code и Verified by Visa, обезбедени од страна на Банката.

Врски со други интернет страници

Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на официјалните страници хостирани од МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. Интернет страниците под оваа страница може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од платформата за онлајн продажба на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. и оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува на нив. Кога ќе ја напуштите платформата за онлајн продажба на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д, ве молиме водете сметка и прочитајте ги изјавите за заштита на личните податоци на секоја интернет страница.

Право на информации

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, ве молиме контактирајте не. На ваше барање, ќе бидете во најскоро можно време информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се чуваат за време на вашите посети на платформата за онлајн продажба на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д.

Објавување на промени

Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во оваа изјава за заштита на личните податоци, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Последна промена

Јули 2012 год.

Аранжмани

Нашата туристичка агенција нуди голем број на аранжмани.
прочитај повеќе »
Aвтобуски превоз

Патувајте брзо и безбедно со Македонија Сообраќај.
прочитај повеќе »
Хотели / Апартмани


Погледнете ги објектите со кои располагаме.

прочитај повеќе »

 

Контакт

За подетални информации контактирајте не...
прочитај повеќе »

© 2011 | Македонија Сообраќај | Сите права се задржани.

Designed & developed by Artisoft.