?????? ?? ????????

Пребарај возен ред

 Повратен билет
 Единечен билет
Од

До

Датум на поаѓање

Датум на враќање

Број на патници

Пребарување нарачки

Број на нарачка
E-mail
Општи услови за користење на веб страната ms.mk

Со користење на овој сајт ("сајтот"), Вие ("Вие" или "крајниот корисник") се согласувате со Условите и правилата кои ние, МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. сме ги предвиделе. Ако не сакате да се согласите со овие услови ("Услови на употреба"), Ве молиме да се воздржите од користење на сајтот.

Услови на користење

1. Општо

МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. овозможува интерактивна онлајн услуга преку веб-страната на домеинот ms.mk.
Сајтот на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. "ms.mk" нуди интерактивна онлајн услуга, на интернет (на "Веб"), која се состои од информативни услуги, содржини и трансакциски способности овозможени од МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д.
Оваа спогодба ги регулира правилата и условите кои се однесуваат на користење на оваа веб-страна од страна на крајниот корисник. Со користење на овој сајт крајниот корисник се согласува со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст. Правото на користење на овој сајт е лично на крајниот корисник и не е преносливо на кое било друго лице или субјект. Крајниот корисник е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д., и МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д., пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д.  има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.
Вие признавате дека сте полнолетни. Мора да имате барем 18 години за да можете да го користите сајтот. Меѓутоа, ако имате најмалку 13 години, а сеуште не 18, можете да го користите овој сајт, под надзор на вашиот родител или старател кој се согласува со овој Договор. Никој под возраст од 13 години не може да ја користи страната.

2. Измена на Условите на користење

МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и / или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени давачки. Ако МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. прави било какви суштински промени, ние ќе ве известиме со испраќање на e-mail на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и / или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот сајт. Овие промени нема да важат за билети купени пред да стапи на сила датумот на ваквите промени. Овие промени ќе бидат важечки за новите корисници на нашиот сајт и за сите билети купени од страна на таквите нови корисници. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на Употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.

3. Опрема

Крајниот корисник е одговорен за одржување на компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на овој сајт и сите трошоци поврзани со тоа. МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. не е одговорена за било каква штета на опремата на крајниот корисник како резултат од користењето на овој сајт.

4. Кодекс на однесување на крајниот корисник

Оваа интернет страница како и било која друга страница, се во приватна сопственост. Сите интеракции на овој сајт мора да бидат усогласени со овие Услови на Употреба. Иако ние ја охрабруваме и поттикнуваме интеракцијата на корисникот на нашиот сајт, ние инсистираме и бараме сите крајни корисници да ги ограничат сите активности во врска со употребата на овој сајт на она што вклучува легални цели. Крајниот корисник не смее да поставува или пренесува преку овој сајт било каков материјал кој ги прекршува или повредува на било кој начин правата на другите, или било каков материјал кој е незаконски, заканувачки, навредлив, вулгарен или на друг начин непристоен, кој охрабрува однесување кое би претставувало кривично дело, доведува до граѓанска одговорност или на друг начин го крши законот. Секое однесување од страна на крајниот корисник на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д., кое го ограничува или спречува било кој друг краен корисник во користењето или уживањето на овој сајт е строго забрането. Крајниот корисник не смее да го користи овој сајт за да се рекламира или прокламира верски, политички или некомерцијални дејствија, вклучувајќи го и користењето на сајтот за повикување на корисниците на овој сајт да станат корисници на други онлајн или офлајн услуги директно или индиректно конкурентни или потенцијално конкурентни на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д.
Претходните одредби од оваа 4та точка се применуваат подеднакво и се во корист на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. и неговите филијали, Трговци и трети лица - добавувачи на содржини и одбезбедувачи на лиценца, и секој има право за спроведување на овие одредби, непосредно или во свое име.

5. Авторски права и трговски марки/ Интелектуална сопственост

Се што се наоѓа на овој сајт (“ms.mk”) е во ексклузивна сопственост на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВОЈ САЈТ ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и / или кривични казни.
Претходните одредби од оваа 5та точка се применуваат подеднакво и се во корист на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д., неговите филијали, Трговци и трети лица - добавувачи на содржини и одбезбедувачи на лиценца, и секој има право за спроведување на овие одредби, непосредно или во свое име.

6. Политика на авторско право

МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. го задржува правото да го раскине договорот со било кој краен корисник, кој постојано ги крши авторските права на трети лица, врз основа на претходно навремено известување до МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. од страна на сопственикот на авторските права или правни агенти на авторските права на сопственикот. Без ограничување на горенаведеното, ако сметате дека заштитен материјал бил копиран или објавен на овој сајт на начин на кој ги прекршува правата на сопственост, би требало да го известите МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д., со испраќање на следните информации: а) електронски или физички потпис на лицето овластено да дејствува во име на сопственикот на авторските права; (б) идентификација и локација на веб-сајтот кој ја содржи заштитената содржина, која вие тврдите дека е злоупотребена; (в) писмена изјава од вас дека имате добра волја и верување дека користењето на материјалот не е одобрено од страна на сопственикот, неговиот агент, или законот; (г) вашето име и контакт информации, како телефонски број или e-mail адреса и (д) изјава од вас дека горенаведените информации кои сте ги дале во Вашиот коментар се прецизни и точни, и тврдење дека сте сопственикот на авторските права или овластени да дејствувате во име на сопственикот на авторските права

7. Изјава за гаранција

КРАЈНИОТ КОРИСНИК ЕКСПЛИЦИТНО СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВОЈ САЈТ Е ПОД НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ. НИТУ МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д., НЕГОВИТЕ ИНСТИТУЦИИ, НИТУ НИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ТРГОВЦИ, ПРОВАЈДЕРИТЕ НА СОДРЖИНА ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ИЛИ НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ ИЛИ АГЕНТИ, НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА САЈТОТ ЌЕ БИДАТ БЕЗГРЕШНИ ИЛИ БЕЗ НИКАКОВ ПРЕКИН; НИТУ ПАК ГАРАНТИРААТ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ, КОИ МОЖАТ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД УПОТРЕБА НА ОВОЈ САЈТ, ИЛИ БИЛО КОЈА МИКРОСТРАНА.
ОВОЈ САЈТ И НЕГОВИТЕ МИКРОСТРАНИ СЕ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА БАЗА "КАКО ШТО СЕ" И "КОГА СЕ ДОСТАПНИ”. МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. СЕ ОГРАДУВА ОД БИЛО КАКВА ОДГОВОРНОСТ И УСЛОВИ, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ НАЛОЖЕНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ И ОГРАНИЧЕНИ НА, ОНИЕ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРЕКРШОЦИ, ТРГУВАЊЕ ИЛИ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА.

8. Ограничување на одговорноста

ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА БИЛО КОИ ПОСРЕДНИ, СЛУЧАЈНИ, СПЕЦИЈАЛНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ИЛИ КАЗНЕНИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД, ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ОВОЈ ДОГОВОР. ОДГОВОРНОСТА НА МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. ВО ВРСКА СО БИЛЕТИТЕ КОИ СЕ ОБЈАВЕНИ НЕМОЖЕ ДА ГИ НАДМИНЕ СУМИТЕ ПЛАТЕНИ ЗА ТИЕ БИЛЕТИ, И ВКУПНАТА ОДГОВОРНОСТ КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ИЛИ Е ПОВРЗАНА СО ОВАА СПОГОДБА НЕМОЖЕ ДА ЈА НАДМИНЕ СУМАТА ПЛАТЕНА ОД КРАЈНИОТ КОРИСНИК ЗА ВРЕМЕ НА ШЕСТ МЕСЕЦИ ПРЕД ДОНЕСУВАЊЕ НА КАКВО БИЛО ПОБАРУВАЊЕ.

9. Надгледување

МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. има право, да ја следи содржината на сајтот во било кое време, вклучувајќи ги и сите виртуелни простории за разговор и форумите кои понатаму може да бидат додадени на страната. Без ограничување на горенаведеното, МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д., има право да го отстрани било кој материјал за кој МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. смета дека ги нарушува одредбите изнесени тука.

10. Приватност

За повеќе информации видете ја Политика за заштита на лични податоци на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д.

11. Лиценцирање

Преку објавувањето на содржини на овој сајт, крајниот корисник се смета дека му дава бесплатно, трајно, неотповикливо, не-ексклузивно право на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. да ги користи, репродуцира, модифицира, објавува, менува, преведува, дистрибуира и прикажува тие содржини самостојно или како дел од други содржини преку било која форма на медиум или технологија, без разлика дали е непозната моментално или подоцна развиена и без територијални или временски ограничувања.

12. Надоместок на штети

Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д., нејзините филијали, нивните одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.

13. Прекин на деловниот однос

МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. може да го раскине овој Договор во било кое време. Без ограничување на горенаведеното, МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. има право веднаш да ги прекине или суспендира било кои лозинки или профили на крајниот корисник во случај на било кое однесување од страна на крајниот корисник за кое МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. смета дека е неприфатливо или во случај на секое прекршување од страна на крајниот корисник на овој Договор. Прекршувањето на одредбите од Секциите 2, 4, 5, 6, 7, 10, 11, и 12 ќе значат престанок на овој Договор.

14. Содржина на трети лица

Веб сајтот на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. содржи линкови до веб-сајтови на трети лица кои се одржуваат од други добавувачи на содржина. Овие линкови се предвидени само како погодност за вас, а не како наша поддршка на содржината на овие трети лица, и МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни на трети лица. Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до некој веб сајт преку линк, тоа го прави на свој ризик. Освен ако МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. експлицитно Ви дозволил да го сторите тоа, не смеете да ставате надворешни линкови до други страни на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д.. МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој линк во секое време, без да ве извести.

15. Разно

Овој Договор, вклучувајќи ги и Условите за Продажба поставени подолу (кои се внесени во овој договор), и било кои оперативни правила за МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. поставени од МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д., го сочинуваат целосниот договор на страните. Насловите на заглавјата од овој договор се користат само за полесна ориентација, и во никој случај не влијаат на толкувањето на текстот што е во нив. Ако надлежниот суд ја смета за неважечка било која ставка од овој договор, тоа нема да влијае врз валидноста на било која друга одредба од овие Услови и останатите делови од овие Услови, ќе останат во сила. Доколку било која страна не ги искористи своите права од овој договор, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права, како и на било кои други права наведени овде.
Седиштето на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д. е во Скопје, Македонија. Правните спорови кои можат да произлезат како резултат на користење на овој веб-сајт (освен ако со посебен договор е експлицитно наведено поинаку) се под јурисдикција на судот во Скопје, и се решаваат во согласнот со прописите на Република Македонија. Со користењето на оваа веб-страница крајниот корисник се согласува дека секој спор или побарувачката, што произлегува од, или е во врска со овие Услови или во врска со нивната имплементација, е во надлежност на судот во Скопје.

Услови за продажба

Сите билети испечатени од сајтот или неговите микространи, се важечки и веродостојни билети на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д.. Со поставувањето нарачка за билет преку платформата за онлајн продажба на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д., правите барање за купување на билет кој сте го избрале, согласувајќи се на правилата и условите наведени подолу. За повеќе информации во врска со собирањето на лични податоци, Ве молиме да ја видите нашата Политика за Заштита на Лични Податоци. Од Вас се бара да креирате профил за да може да купите билет. Ова е потребно за да можеме да Ви обезбедиме лесен пристап за печатење на Вашите билети, прегледување на Вашите претходни купувања, менување на Вашите желби и интереси , и да се обезбеди валидна употреба на Вашиот билет.

1. Правила и услови за билети од МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д

За овој дел, МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д се дефинира како трговец кој нуди продажба на билети за услуги во патниот сообраќај и туризмот.
• МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д не е одговорен за изгубен или украден билет.
• Репродукција, продажба или трговија на билетите е забранета освен ако не го направите тоа во согласност со применливиот закон.
• Секој обид за искористување на билет кој не е во согласност со овие услови ќе се смета за неважечки.

2. Дополнителни Услови и правила за сите билети

• Сите билети ќе бидат предмет на условите на МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д.
• Сопственик и издавач на билетите е МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ А.Д.
• Доколку билетот Ви е одбиен, и не ви се смета за валиден во време на искористување, а периодот за искористување е валиден контактирајте не, објаснете ја ситуацијата и ние ќе ви ги вратиме парите.

Аранжмани

Нашата туристичка агенција нуди голем број на аранжмани.
прочитај повеќе »
Aвтобуски превоз

Патувајте брзо и безбедно со Македонија Сообраќај.
прочитај повеќе »
Хотели / Апартмани


Погледнете ги објектите со кои располагаме.

прочитај повеќе »

 

Контакт

За подетални информации контактирајте не...
прочитај повеќе »

© 2011 | Македонија Сообраќај | Сите права се задржани.

Designed & developed by Artisoft.