Makedonija Soobrakaj A.D.

Stella Maris 4* (КАСТАЛАНЕТА МАРИНА)


Stella Maris 4* се наоѓа во туристичкaта населба Marina di Ginosa, Пуља. Опкружен е од густа борова шума, што придонесува за целосна релаксација и удобност на гостите. Хотелот е одличен и гостопримлив, погоден за семеен одмор, особено за семејствата со деца. Лоциран е на самиот брег на морето. Има прекрасна сопствена, обемна плажа со фин песок. Плажата на хотелот има награда "Сино знаме" за 2015 година. На брегот на морето се нудат различни занимливости особено интересни за младите гости на хотелот. Хотелот располага со 42 соби, од кои 36 стандардни соби, 6 фамилијарни. Сите стандардни соби се опремени со клима уред, телевизор, сеф, телефон и мини бар. Семејните соби располагаат со спална и дневна соба со кујна со електричен шпорет и можно додавање на канапе. Собите се достапни за лицата со хендикеп. Во ресторанот на хотелот се нудат традиционални медитерански јадења типични за регионот Пуља. Производите со кои се подготвуваат јадењата се од локално производство со висок квалитет. За најмалите гости 0-2 години е обезбедено катче со специјална храна. На територијата на хотелот има: -рецепција H24 -Мини-бар -Слободен пристап до Wi-Fi во целиот хотел -кафуле отворено H24 -базен за возрасни и деца -игралиште -градина со медитеранска вегетација -вечерна забава -јазици на кои може да се комуницира: Англиски, француски и руски јазик.

« Назад
Аранжмани

Нашата туристичка агенција нуди голем број на аранжмани.
прочитај повеќе »
Aвтобуски превоз

Патувајте брзо и безбедно со Македонија Сообраќај.
прочитај повеќе »
Хотели / Апартмани


Погледнете ги објектите со кои располагаме.

прочитај повеќе »

 

Контакт

За подетални информации контактирајте не...
прочитај повеќе »

© 2011 | Македонија Сообраќај | Сите права се задржани.

Designed & developed by Artisoft.