Makedonija Soobrakaj A.D.
Контакт

08:00-20:00: 070-337161, 070-221925

08:00-16:00: 02/3292140, 02/3292141

 

Жиро сметка

210042364160120, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје

PDF »

 

1.     Колку работни дена се максимално дозволени во период од една седмица?

1)      4 работни дена

2)      5 работни дена

3)      6 работни дена

 

2.     Правилата за возачките часови се однесуваат за возила чија најголема дозволена маса изнесува?

1)      3.5 t

2)      5.5 t

3)      10.0 t

 

3.     Колку часови најдолго може да вози еден возач пред да направи пауза?

1)      7 часа

2)      4 часа и 30 минути

3)      4 часа

 

4.     Колку изнесува казната којашто возачот треба да ја плати доколку ги прекрши правилата за возачките часови кои се однесуваат на дневниот одмор?

1)      200 Евра

2)      400 Евра

3)      600 Евра

 

5.     Должината на паузата која секој возач мора да ја направи после 4.5 часови возење изнесува?

1)      најмалку 15 минути

2)      најмалку 25 минути

3)      најмалку 45 минути

 

6.     Колку е максимално дозволеното дневно времетраење на возење?

1)      6 часа

2)      8 часа и 30 минути

3)      9 часа

 

7.     Дневното продолжување на времето на возење од 9 на 10 часа, возачите можат да го реализираат само во текот на?

1)      секој ден од неделата

2)      секој втор ден од неделата

3)      два дена во неделата

 

8.     Колку часови може да возат непрекинато во текот на денот возачите на автобуси во јавниот градски превоз?

1)      6 часа

2)      7 часа

3)      7,5 часа

 

9.     Колку часа максимум се дозволени за возење во период од две последувателни седмици?

1)      75 часа

2)      85 часа

3)      90 часа

 

10.  Колкав мора да биде дневен одмор на еден возач во период од 24 часа?

1)      10 часа

2)      12 часа

3)      11 часа

 

11.  Колку часа вообичаено трае  седмичен одмор?

1)      35 часа

2)      45 часа

3)      48 часа

 

12.  Колку часа може да трае скратениот седмичен одмор, доколку се користи во местото на живеење на возачот?

1)      30 часа

2)      33 часа

3)      36 часа

 

 13.  Колку часа може да трае скратениот седмичен одмор, доколку се користи надвор од местото на живеење на возачот?

1)      24 часа

2)      37 часа

3)      40 часа

 

14.  Во случај кога со возилото управуваат два возача, колку часа одмор мора да има секој од нив според законот во Р. Македонија?

1)      најмалку  6 часа во 30 часовен период

2)      најмалку  8 часа во 30 часовен период

3)      најмалку  12 часа во 30 часовен период

 

15.  Согласно законските норми потребно е инсталирање и користење на тахограф во возила со максимално дозволена тежина од најмалку:

1)      3,5 тона

2)      3,7 тона

3)      9 тона

 

16.  Согласно законските норми потребно е инсталирање и користење на тахограф во возила за превоз на повеќе од:

1)      5 патници

2)      8 патници

3)      22 патници

 

17.  Во случај на контрола во земјите на ЕУ, по 01.01.2008 година, возачот мора да ги покаже искористените тахографски листови за период од:

1)      7 дена

2)      15 дена

3)      28 дена

 

18.  Пред почнување со возење на возило за кое е задолжителна употреба на тахограф, кои податоци меѓу другите возачот мора да ги пополни во средишното поле на тахографскиот лист?

1)      регистрацијата на возилото

2)      име на компанијата

3)      состојба на гориво

 

19.  Пред започнување на возењето, на возило за кое е задолжителна употреба на тахограф, кои податоци меѓу другите возачот мора да ги пополни во средишното поле на тахографскиот лист?

1)      состојбa нa километрaжaтa нa почетокот нa возењето;

2)      име на компанијата на чие име е регистрирано влечното возило;

3)      состојба на горивото на почетокот на возењето.

 

20.  Ако за време на превозот се поминуваат различни часовни зони, дали возачот треба да го усогласи времето на тахографот со времето во часовната зона во која се наоѓа?

1)      да, ако превозот е подолг од 500 км

2)      да, само ако се поминуваат повеќе од две часовни зони

3)      не

 

21.  Кои од наведените елементи не се запишуваат на тахографскиот лист?

1)      Промената на брзината на возилото

2)      Времето на возење на возилото и вкупната сума на часови на возење

3)      Потрошувачка на гориво за поминати 100 километри

 

22.  На крајот од работниот ден на возило за кое е задолжителна употреба на тахограф, кои податоци меѓу другите возачот мора да ги пополни во средишното поле на тахографскиот лист?

1)      место и дaтум кaде е листот зaвршен

2)      состојба на гориво

3)      брзина на движење

 

 23.  На крајот од работниот ден на возило за кое е задолжителна употреба на тахограф, кои податоци меѓу другите возачот мора да ги пополни во средишното поле на тахографскиот лист?

1)      име на компанијата

2)      состојбa нa километрaжaтa нa крaјот нa возењето

3)      состојба на гориво

 

24.  На крајот од работниот ден на возило за кое е задолжителна употреба на тахограф, кои податоци меѓу другите возачот мора да ги пополни во средишното поле на тахографскиот лист?

1)      име на компанијата

2)      состојба на гориво

3)      вкупно поминaтa километрaжa

 

25.  Тахографот во возилото мора да биде калибриран. После колку години се врши повторно рекалибрирање?

1)      1 година

2)      4 години

3)      6 години

 

26.  Тахографот во возилото мора да се проверува секои:

1)      6 месеци

2)      2 години

3)      3 години

 

27.  Во случај возачот да го промени возилото во текот на денот, а неговиот тахографски лист да не одговара на новото возило, тој е должен:

1)      да употреби нов тахографски лист

2)      рачно да ги запишува промените на стариот тахографски лист

3)      да продолжи да го користи тахографскиот лист од новото возило

 

28.  Во случај да го промени возилото во текот на денот, возачот е должен:

1)      да употреби нов тахографски лист

2)      да го земе со себе тахографскиот лист од претходното возило

3)      да продолжи да го користи тахографскиот лист од новото возило

 

29.  На пат тахографот станува неупотреблив. Возачот рачно мора да ги внесува:

1)      времето на возење и одмор

2)      изминатиот пат

3)      не треба ништо да внесува

 

30.  Во случај тахографот да се расипе за време на патувањето, а возилото не е во можност да се врати во база, возачот е должен:

1)      да го продолжи патувањето до повторно враќање во база

2)      само да го запише датумот на расипување на тахографот

3)      по пат да го поправи и рекалибрира тахографот

 

31.  Ако возилото се наоѓа во база, а тахографот се расипе, возилото може:

1)      да го продолжи патувањето до повторно враќање во база

2)      да го продолжи патувањето до најблиската овластена институција за рекалибрација

3)      не смее да го продолжи патувањето, додека тахографот не се поправи и рекалибрира

 

32.  Во случај на расипување на тахографот, возачот е должен?

1)      да го уништи тахографскиот лист

2)      да го замени тахографскиот лист со нов

3)      да направи рачен запис на тахографскиот лист

 

33.  Од кои елементи најмногу зависи безбедноста на движењето по патиштата?

1)      возило, временски услови и сообраќајни знаци

2)      возило, возач и пат

3)      возач, сообраќајна полиција и пат

 

34.  Од моментот кога возачот ќе забележи опасност на патот, до моментот кога ќе почне да реагира (да притисне на кочницата), изминува   одредено време. Колку просечно изнесува тоа време?

1)      околу 0,1 секунда

2)      околу 0,8 секунди

3)      околу 2 минути

 

35.  Коефициентот на триење на тркалата со патот ( ), зависи од?

1)      тежината на товарот во возилото

2)      видот и состојбата на горниот слој на патот

3)      висината на тежиштето на возилото

 

36.  Коефициентот на триење на тркалата со патот ( ), зависи од?

1)      тежината на товарот во возилото

2)      висината на тежиштето на возилото

3)      видот и состојбата на гумите

37.  Висината на тежиштето има големо влијание врз стабилноста на возилото. Кога возилото е најстабилно?

1)      кога тежиштето е високо сместено

2)      кога тежиштето е повисоко сместено

3)      кога тежиштето е пониско сместено

 

38.  Што е основен квалитет на активната безбедност?

1)      сигурносните појаси

2)      управливоста на возилото

3)      воздушните перничиња

 

39.  Кој е основен елемент на пасивната безбедност?

1)      конструктивните решенија на возилото

2)      сигурносните појаси

3)      управувачот

 

40.  Покрај брзината како основен фактор, кој друг фактор има пресудна улога за случување на сообраќајни незгоди?

1)      заобиколувањето

2)      престигнувањето

3)      заобиколување на неподвижна пречка

 

41.  Кој маневар со возилото е најсложен за возачите?

1)      Престигнување

2)      Заобиколување

3)      Заобиколување на неподвижна пречка

 

42.  Постоењето на средишни банкини, доведува до намалување на несреќите. Колкав е тој процент на намалување?

1)      25-30%

2)      45-60%

3)      100%

 

43.  Колку изнесува ограничувањето на брзината за возила од категориите C+E и  D+E на автопат?

1)      60 km/h

2)      85 km/h

3)      70 km/h

 

44.  Колкав процент од информациите за условите на патот, се содржани во видното поле на возачот?

1)      70 %

2)      80 %

3)      95%

 

45.  Колку изнесува видното поле на возачите во мирување?

1)      90 степени

2)      120 степени

3)      180 степени

 

46.  Ако во мирување видното поле на возачите изнесува 180 степени, колку изнесува при брзина од 50 км/ч?

1)      105 степени

2)      120 степени

3)      180 степени

 

47.  Ако во мирување видното поле на возачите изнесува 180 степени, колку изнесува при брзина од 100 км/ч?

1)      50 степени

2)      100 степени

3)      160 степени

 

48.  Каде е дозволено паркирањето и запирањето на возилата надвор од населено место?

1)      надвор од коловозните ленти (на посебни површини)

2)      на коловозните ленти, во правец на движењето

3)      не е дозволено

 

49.  За безбедноста во движењето важни се способностите на секој возач да ја набљудува и проценува состојбата на патот, да ги планира идните реакции, и да ги предвидува реакциите на останатите учесници во сообраќајот. Како се нарекува ваквите вештина на возење.

1)      агресивно возење

2)      дефанзивно возење

3)      забрзано возење

 

50.  Колку изнесува процентот на сообраќајни несреќи кои се случиле поради човечкиот фактор?

1)      40 до 70%

2)      80 до 85%;

3)      95 до 99%.

 

51.  Наведете која е главната причина за случување на сообраќајни незгоди:

1)      Човечкиот фактор

2)      Неисправност на возилото

3)      Временските услови

 

52.  Кој фактор е најчест причинител на сообраќајни незгоди во кои се вклучени стопански возила?

1)      Замор кај возачот;

2)      Неодржување на растојание меѓу возилата;

3)      Управување на неисправно возило.

 

53.  Која е основната безбедносна мерка за намалување на ризиците при случување на сообраќајни незгоди.

1)      Ограничувања на брзината

2)      Ограничување на годините на возачот

3)      Ограничување на потрошувачка на гориво

 

54.  Возач кој управува со моторно возило со кое се врши јавен превоз на патници мора да изврши лекарски преглед:

1)      на 1 година

2)      на 3 години

3)      на 4 години

 

55.  Возач кој управува со моторно возило за превоз на патници дозволено е да има:

1)      0,5 % алкохол

2)      0,0 % алкохол

3)      1 % алкохол

 

56.  Колку промили алкохол е дозволено да има почетник кој управува со моторно возило?

1)      0,0 ‰ алкохол

2)      0,1 ‰  алкохол

3)      0,5 ‰  алкохол

 

57.  Во случај на сообраќајна незгода во која има повредени возачот мора:

1)      да ја извести полицијата

2)      да го помести возилото на безбедно растојание

3)      да остане до возилото додека не пристигне брза помош.

 

58.  Во случај на сообраќајна незгода возачот е должен:

1)      да ги вклучи светлата за предупредување

2)      да го напушти местото на незгодата

3)      да постави триаголници за предупредување

 

59.  Во случај на сообраќајна незгода во која има повредени возачот е должен:

1)      да остане на местото на несреќата и да ги чека надлежните служби

2)      да го напушти местото на несреќата

3)      да остане до возилото додека не пристигне брза помош

60.  Во случај на сообраќајна незгода во која има повредени возачот е должен:

1)      да го напушти местото на несреќата

2)      да не го поместува возилото доколку не пречи на движењето на останатите возила

3)      да остане до возилото додека не пристигне брза помош

 

61.  Во случај на сообраќајна незгода во која има повредени возачот е должен:

1)      да го напушти местото на несреќата

2)      да го помести возилото

3)      да се погрижи за превоз на повредените

 

62.  Возачот кој учествувал во или е сведок на сообраќајна несреќа има одредени обврски. Покрај со парична казна се казнува и со времена забрана за управување на возило. Колку изнесува таа времена забрана?

1)      1 - 6 месеци

2)      7 - 12 месеци

3)      36 месеци

 

63.  Возачката дозвола се издава со рок на важност од:

1)      5 година

2)      10 години

3)      15 години

 

64.  За лица постари од 65 години возачка дозвола се издава со важност од:

1)      1 година

2)      2 години

3)      3 години

 

65.  Колку изнесува максимално дозволената брзина на товарни возила со вкупна маса поголема од 7.500 кг?

1)      70 km/h

2)      80 km/h

3)      85 km/h

 

66.  Колку изнесува максимално дозволената брзина на автобуси и автобуси со лесна приколка?

1)      70 km/h

2)      80 km/h

3)      85 km/h

 

67.  Колку изнесува максимално дозволената брзина на товарни возила со вкупна маса не поголема од 7.500 кг?

1)      70 km/h

2)      80 km/h

3)      85 km/h

 

68.  Возило (автобус) кое превезува деца на јавни патишта, може да се движи со брзина од:

1)      70 km/h

2)      80 km/h

3)      60 km/h

 

69.  Извештајот за сообраќајната незгода, е стандарден формулар. Која страна од формуларот ја пополнува возачот?

1)      левата страна од формуларот

2)      десната страна од формуларот

3)      средишниот дел

 

 

70.  Извештајот за сообраќајната незгода, е стандарден формулар. Која страна од формуларот ја пополнува соучесникот во сообраќајната незгода?

1)      левата страна од формуларот

2)      средишниот дел

3)      десната страна од формуларот

 

71.  Извештајот за сообраќајната незгода, е стандарден формулар (оригинал и копија). Кој лист го задржува возачот?

1)      копијата

2)      оригиналниот лист

3)      не задржува ниту еден од листовите

 

72.  Извештајот за сообраќајната незгода, е стандарден формулар (оригинал и копија). Кој лист го задржува соучесникот во сообраќајната незгода?

1)      копијата

2)      оригиналниот лист

3)      не задржува ниту еден од листовите

 

73.  Кој го потпишува извештајот за сообраќајната незгода?

1)      само возачот

2)      само другиот учесник во сообраќајната незгода

3)      и возачот и другиот учесник во сообраќајната незгода

 

74.  Кои тунели се најопасни?

1)      со должина до 1000 метри

2)      со должина над 5000 метри

3)      со должина од 3000 метри

 

75.  Каква е постапката во случај на пожар во тунели?

1)      се обидувате да се вратите назад за да го избегнете пожарот

2)      ги оставате клучевите во отклученото возило и се упатувате кон излезот за евакуација

3)      ја подигате рачната кочница, го заклучувате возилото и се упатувате кон излезот за евакуација

 

76.  Каква е постапката ако вашето возило е зафатено од пожар додека сте во тунел?

1)      веднаш застанувате и се обидувате да го изгаснете пожарот

2)      се обидувате да го изнесете возилото од тунелот

3)      ја подигате рачната кочница, го заклучувате возилото и се упатувате кон излезот за евакуација

 

77.  При вршење на превоз на стоки со ЦЕМТ дозвола, надвор од земјата на регистрација на возилото, можат да се извршат одреден број на превози со полно возило пред да се врати возилото во земјата на регистрација и тоа:

1)      4 превози

2)      3 превози

3)      Неограничен број на превози

 

78.  Превоз на стоки со возило од Република Македонија за или од трета земја во Република Унгарија, се врши:

1)      без дозвола

2)      со ЦЕМТ дозвола

3)      со дозвола за/од трета земја

 

79.  Превоз на стока од Македонија за Шпанија преку Грција, Франција и Италија, може да се изврши со следните дозволи:

1)      ЦЕМТ дозвола или меѓународни дозволи: транзитни дозволи за Грција, Италија и Франција и билатерална за Шпанија

2)      ЦЕМТ дозвола или меѓународни дозволи: транзитна дозвола за Франција и билатерална за Шпанија

3)      не е потребна дозвола

 

80.  Превоз на стоки со возило од Република Македонија за или од трета земја во Република Грција се врши:

1)   без дозвола

2)     со ЦЕМТ дозвола

3)     со дозвола за/од трета земја

 

81.  Превоз на стоки со возило од Република Македонија за или од трета земја во Велика Британија се врши:

1)   со дозвола за/од трета земја

2)   со ЦЕМТ дозвола

3)   без дозвола

 

82.  Превоз на стока од Македонија за Турција преку Бугарија, може да се изврши со следните дозволи:

1)      не е потребна дозвола

2)      ЦЕМТ дозвола и меѓународна транзитна дозвола за Бугарија

3)      ЦЕМТ дозвола и меѓународна билатерална дозвола за Турција

 

83.  Превоз на стока од Македонија за Турција преку Грција, може да се изврши со следните дозволи:

1)      не е потребна дозвола

2)      ЦЕМТ дозвола и меѓународна транзитна дозвола за Грција

3)      ЦЕМТ дозвола и меѓународна билатерална дозвола за Турција

 

84.  Превоз на стока меѓу Македонија и Бугарија може да се врши со следните дозволи:

1)      ЦЕМТ дозвола

2)      Билатерална дозвола

3)      Не е потребна дозвола

 

85.  Превоз на стока меѓу Македонија и Грција може да се врши со следните дозволи:

1)      ЦЕМТ дозвола

2)      Билатерална дозвола

3)      Не е потребна дозвола

 

86.  Превоз на стока за Италија од трета земја или од Италија за трета земја, може да се врши со следните дозволи:

1)      Не е потребна дозвола

2)      ЦЕМТ дозвола

3)      дозвола за/од трета земја

 

87.  Домашен превозник може да врши меѓународен превоз на стока ако има:

1)      лиценца, меѓународен товарен лист и дозвола за меѓународен превоз на стока;

2)      меѓународен товарен лист, ТИР карнет и меѓународна возачка дозвола;

3)      дозвола за меѓународен превоз на стока, лиценца и сертификат за исправност на возилото.

 

88.  Меѓународниот превоз на стока со моторно возило со приклучно возило во група возила кои имаат регистерски ознаки на разни земји, се извршува врз основа на:

1)      дозвола само за влечното возило

2)      посебна дозвола за секое од тие возила

3)      не е потребна дозвола

 

89.  За извршување на меѓународен превоз на стока меѓу две земји потребна е:

1)      транзитна дозвола;

2)      билатерална дозвола;

3)      дозвола за трета земја.

 

90.  Што дефинира ЦМР Конвенцијата?

1)      одговорноста на превозникот и документите кои треба да се носат во возилото при вршење на меѓународен превоз на стока;

2)      финансова гаранција за стоката која се превезува;

3)      документ кој вообичаено го следи превозот.

 

91.  За кои превози не се применува ЦМР Конвенцијата?

1)      превоз на жива стока во камиони

2)      превоз на посмрни остатоци преку граница

3)      комбиниран превоз во патниот и железничкиот сообраќај

 

92.  ЦМР товарниот лист во исто време е и договор за превоз на стоката. Помеѓу кои две странки?

1)      испраќачот и примачот

2)      испраќачот и превозникот

3)      превозникот и примачот

 

93.  Во колку примерока треба да биде направен ЦМР товарниот лист?

1)      по еден за испраќачот и примачот и 5 резервни примерока;

2)      по еден за испраќачот, превозникот и примачот и четири резервни примерока;

3)      по два за испраќачот и превозникот и четири резервни примерока.

 

94.  Што треба да направи превозникот ако не бил присутен на натоварот или не може да ја контролира исправноста на податоците за стоката впишани на товарниот лист?

1)      да ги запише своите забелешки во рубриката наменета за нив;

2)      да бара од испраќачот да му овозможи присуство на повторниот натовар на стоката;

3)      да не се потпише на товарниот лист во рубриката наменета за тоа.

 

95.  Што треба да направи превозникот ако од било кои причини не може да ги исполни условите за испорака наведени во товарниот лист?

1)      треба да превземе мерки за да ја продаде стоката што побргу;

2)      ќе бара инструкции од лицето овластено да располага со стоката;

3)      треба да ја истовари стоката во најблиското царинско складиште.

 

96.  Кога стоката се смета за изгубена согласно ЦМР Конвенцијата?

1)      10 дена по истекот на договорениот рок за испорака;

2)      30 дена од денот на утоварот доколку не е договорен рок за испорака;

3)      30 дена  по истекот на договорениот рок за испорака или 60 дена од денот на утоварот, доколку не е договорен рок на испорака.

 

97.  Каков документ е ТИР карнетот?

1)      пропратен документ во кој е назначено местото на истовар;

2)      финансов документ кој ја следи стоката која се транзпортира и гарантира плаќање на сите давачки во врска со истата (царина, ДДВ, такси и тн.);

3)      пропратен документ во кој се специфицира стоката која се превезува, нејзината тежина и вредност.

 

98.  Кој ги издава ТИР карнетите во Р. Македонија?

1)      Министерството за транспорт;

2)      СИЗ Македонија Сообраќај;

3)      Стопанската Комора на Р. Македонија.

 

99.  Какви ТИР карнети не постојат?

1)      со 4 листа;

2)      со 8 листа;

3)      со 14 листа.

 

100.        Колкава е важноста  на сите видови ТИР карнети?

1)      45 дена со продолжување од 15 дена;

2)      60 дена;

3)      75 дена.

 

101.        Како се пополнува ТИР карнетот?

1)      со машина за пишување;

2)      рачно со ракописни букви;

3)      на машина или рачно со латинични печатни букви.

 

102.        Колку вкупно утоварни и истоварни места можат да бидат  опфатени со еден ТИР карнет?

1)      2 (две);

2)      3 (три);

3)      4 (четири)

 

103.        ТИР карнет е отворен во една царинска испостава. Рокот на важност му истекува по два дена, а превозот треба да трае шест дена. Што е точно во овој случај?

1)      ТИР карнетот ќе важи само два дена, а потоа мора да се направи друг пропратен документ за гаранција на давачките;

2)      ТИР карнетот ќе важи сеж до завршувањето на превозот, иако рокот на важење му истекол;

3)      таков ТИР карнет не смее да се употребува за превоз.

 

104.        Каква е постапката во случај на губење на ТИР карнетот?

1)      транспортот може да продолжи понатам;

2)      се известува најблиската царинарница;

3)      веднаш се известува здружението-гарант кое го издало ТИР карнетот и понатаму се постапува согласно нивните упатства.

 

105.        Што се прави со искористените ТИР карнети по завршувањето на транспортот?

1)      се чуваат во фирмата најмалку 1 година;

2)      може да се уништат, под услов да биле правилно раздолжени во одредишната царинска испостава;

3)      се враќаат на здружението – гарант кое ги издало.

 

106.        Кои стоки  се нарекуваат стоки со “висок ризик” при превози со ТИР карнети?

1)      стоки кои се  означени од страна на ИРУ и неговите осигурители;

2)      сите акцизни стоки;

3)      стоки кои ги определиле  поедини земји.

 

107.        Каков документ претставува единствениот царински документ (ЕЦД)

1)      документ за влез на царински терминал

2)      пропратница за превоз на стока низ Македонија

3)      документ со кој се врши контрола  на меѓународната трговија со меѓународно признати формулари за увоз, извоз и транзит

 

108.        Колку листови максимум содржи ЕЦД?

1)      5 листови

2)      12 листови

3)      8 листови

 

109.        Што значи скратеницата ЕЦД во меѓународниот превоз на стока?

1)      Електронска Царинска Декларација;

2)      Единствена Царинска Давачка;

3)      Единствен Царински Документ.

 

110.        Кој е одговорен за податоците напишани во ЕЦД?

1)      испраќачот на стоката;

2)      царинските органи;

3)      превозникот.

 

111.        Што претставува АТА карнет?

1)      документ кој овозможува привремен извоз и транзит на производи кои ќе се вратат во државата на поаѓање;

2)      документ за потекло на стоката;

3)      сертификат за квалитет.

 

112.        За што може да се користи еден АТА карнет?

1)      за привремен извоз на возила за поправка во други земји;

2)      за привремен извоз на стоки за меѓународни изложби;

3)      за привремен извоз на стоки заради доработка во странство.

 

113.        По комплетирањето и по потпишувањето од страна на сопоственикот и Стопанската комора која го издава, карнетот се проверува од страна на:

1)      Министерството за транспорт и врски

2)      Царината

3)      Министерството за внатрешни работи

 

114.        Кој ги издава АТА карнетите во Р. Македонија?

1)      Министерството за транспорт;

2)      СИЗ Македонија Сообраќај;

3)      Стопанската Комора на Р. Македонија.

 

115.        Кој е рокот на важност на АТА карнетот?

1)      6 (шест) месеци;

2)      12 (дванаесет) месеци;

3)      18 (осумнаесет) месеци

 

116.        Дали ЦЕМТ дозволите важат за транспортни операции помеѓу држава-членка на ЦЕМТ и трета земја?

1)      не

2)      да

3)      важат ако така билатерално е договорено помеѓу две земји

 

117.        Во возилото со кое се врши меѓународен превоз на стока со ЦЕМТ дозвола, Дневникот кој е составен дел на дозволата,  се наоѓа во возилото:

1)      во еден примерок

2)      во еден или два примерока

3)      може, но и немора да се наоѓа во возилото

 

118.        Кој ги издава ЦЕМТ дозволите?

1)      Стопанската Комора на Р. Македонија;

2)      Министерството за транспорт и врски;

3)      Министерството за внатрешни работи.

 

119.        Што претставуваат ЦЕМТ дозволите?

1)      Мултилатерални дозволи за меѓународен превоз на стоки по пат;

2)      Цертификат за квалитет на стоката

3)      Дозвола за привремен увоз

 

120.        ЦЕМТ дозволите можат да важат за календарската година (годишни дозволи во зелена боја) или за 30 дена (краткорочни дозволи во жолта боја со печат „краткорочна дозвола”). Краткорочните дозволи не се валидни на територијата на:

1)      Австрија

2)      Грција

3)      Италија

 

121.        Кој е одговорен за издавање на одобренија за вонгабаритни товари?

1)      Министерство за транспорт и врски;

2)      Министерство за внатрешни работи;

3)      Македонија Пат.

 

122.         Каков тип на одобрение треба да поседува возило за превоз на запалливи течности?

1)      FL;

2)      EXII;

3)      АТ.

 

123.        Што значи АДР?

1)      Договор за превоз на опасни материи по море

2)      Договор за билатералните превози на опасни материи во ЕУ

3)      Договор за патниот превоз на опасни материи низ Европа

 

124.        Колку класи на опасни материи постојат според класификацијата во АДР спогодбата?

1)      7 класи

2)      9 класи

3)      14 класи

 

125.        Во која класа на опасни материи спаѓа бензинот?

1)      3. класа

2)      5. класа

3)      8. класа

 

126.        Колкава е димензијата на портокаловата табличка за означување на опасни материи кои се превезуваат со товарни возила?

1)      250 х 250 мм

2)      300 х 300 мм

3)      300 х 400 мм

 

127.        Колкава е димензијата на налепниците со кои се означуваат цистерните за превоз на опасни материи?

1)      200 х 300 мм

2)      250 х 250 мм

3)      300 х 400 мм

 

128.        Возилата кои превезуваат опасни стоки во пакувања, мора на предната и задната страна да имаат рефлектирачки портокалови таблички, обрабени со црна боја со дебелина од:

1)      10 милиметри

2)      15 милиметри

3)      20 милиметри

 

129.        Освен портокаловите таблички, возилата кои превезуваат опасни материи мора да имаат поставено и:

1)      налепници за опасност

2)      црвена лента

3)      триаголник

 

130.        Што значи бројната ознака „33” впишана во горната половина на портокаловата табличка?

1)      дека се превезуваат лесно запалливи течности

2)      дека се превезуваат тешко запалливи течности

3)      дека се превезуваат запалливи гасови

 

131.        Дали претпријатијата кои вршат само складирање на опасни материи се обврзани да ангажираат советник за превоз на опасни материи?

1)      не

2)      не, ако само вршат складирање на опасните материи

3)      да

 

132.        На колку години треба да се врши проверка за добивање на АДР дозвола за техничка исправност на возилото?

1)      6 месеци;

2)      1 година;

3)      2 години;

 

133.        Обновување на АДР сертификатот за возачот може да се направи:

1)      по три години и пред завршувањето на четвртата година;

2)      по четири години и пред завршувањето на петата година;

3)      по пет години и по завршувањето на шестата година;

 

134.        Која институција во Македонија е овластена за издавање на АДР сертификати за возилата?

1)      Министерството за транспорт и врски

2)      Министерството за внатрешни работи

3)      Машинскиот факултет

 

135.        Која институција во Македонија е овластена за издавање на АДР сертификати за возачите кои превезуваат опасни материи?

1)      Министерството за транспорт и врски

2)      Машинскиот факултет

3)      Министерството за внатрешни работи

 

136.        Што е битно за упатствата за посебни мерки на безбедност во случај на незгода?

1)      треба да бидат напишани на јазиците на сите земји низ кои проаѓа возилото при превозот на опасните материи

2)      треба да се чуваат заедно со упатствата од претходните превози

3)      мора да бидат заверени од страна на Министерството за транспорт и врски

 

137.        Колку изнесува максималната брзина на движење на возило кое превезува опасни материи според АДР спогодбата?

1)      56 km/h

2)      70 km/h

3)      80 km/h

 

138.        Што значат буквите FRC на возилото со разладен уред?

1)      товарен простор опремен со механички разладен уред, зголемена изолација и може да одржува температура до -120С

2)       товарен простор опремен со механички разладен уред, нормална изолација и може да одржува температура до 00С

3)      товарен простор опремен со уред за греење, зголемена изолација и може да одржува температура до 120С

 

139.        За какви превози се однесува договорот АТР?

1)      превоз на опасни материи

2)      превоз на лесно расипливи стоки

3)      превоз на живи животни

  

140.        Што претставува АТП спогодбата?

1)      Мултилатерален договор меѓу земјите потписнички за сувоземен превоз на расипиви прехрамбени производи преку граница

2)      Мултилатерален договор меѓу земјите потписнички за авионски превоз на расипиви прехрамбени производи

3)      Мултилатерален договор меѓу земјите потписнички за поморски превоз на расипиви прехрамбени производи

 

141.        АТР кодот се дава на одобрени возила. Кодот се состои од:

1)      три или четири букви;

2)      пет или шест букви;

3)      седум или осум букви.

 

142.        Врз основа на позитивните резултати од тестовите се издава АТР сертификат кој се однесува на изолацијата и на разладниот уред. Овој сертификат е важечки

1)      4 години

2)      5 години

3)      6 години

 

143.        За обезбедување на добра состојба на животните за време на транспортот, ЕУ има одредено низа мерки во директивата 91/628/ЕЕЦ, таканаречена:

1)      Европска Директива

2)      Транспортна Директива

3)      Транспортна мерка

 

144.        Какви посебни услови треба да се обезбедат во товарниот дел на возилото со кое се превезуваат живи свињи?

1)      треба да се обезбеди покривка од слама во висина од најмалку 20 цм

2)      товарниот оддел треба да има отворен кров за да има добра вентилација

3)      треба да се остави доволно простор да може сите свињи истовремено да легнат

 

145.        Кој е одговорен за обезбедување на товарот во возилото?

1)      Лицата кои го вршат товарењето на стоките, како и возачите кои го вршат превозот;

2)      Лицата кои ја превземаат стоката;

3)      Лицата кои го нарачале транспортот.

 

146.        За извршување на меѓународен линиски превоз на патници во транзит низ територијата на одредена држава потребна е:

1)      дозвола

2)      лиценца

3)      уредно пополнет и заверен патен лист со список на патниците

 

147.        За да добие лиценца за меѓуопштински линиски превоз на патници, превозникот поред другите критериуми треба да располага најмалку со:

1)      два автобуси со 51+1 седиште

2)      два автобуси со 22+1 седиште

3)      два автобуси со 8+1 седиште

 

148.        При вршење на меѓународен линиски превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај, во возилото со кое се врши превозот мора да се наоѓа:

1)      Дозвола, возен ред, итинерер и ценовник – во оригинал  

2)      Дозвола, возен ред, итинерер и ценовник – копии

3)      Дозвола, возен ред, итинерер и ценовник – копии заверени кај нотар

 

149.        При вршење на меѓународен линиски превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај, во автобусот може да се возат патници:

1)      патници кои се наведени во список;

2)       патници качени во автобусот согласно возниот ред;

3)      патници качени во автобусот спротивно на возниот ред но не им е наплатен билет.

 

150.        Автобуски терминал е:

1)      место каде се паркираат возилата

2)      место каде свртуваат возилата

3)      место каде свртуваат возилата и патниците влегуваат и излегуваат

 

151.        Каботажа е:

1)      превоз на патници на странски превозник во Р. Македонија

2)      превоз на македонски превозник од Македонија до друга земја

3)      превоз на наш превозник во Р. Македонија

 

152.        ИНТЕРБУС спогодбата регулира:

1)      меѓународен редовен линиски превоз на патници

2)      повремен меѓународен превоз на патници

3)         меѓуградски линиски превоз на патници

 

 

PDF »
Аранжмани

Нашата туристичка агенција нуди голем број на аранжмани.
прочитај повеќе »
Aвтобуски превоз

Патувајте брзо и безбедно со Македонија Сообраќај.
прочитај повеќе »
Хотели / Апартмани


Погледнете ги објектите со кои располагаме.

прочитај повеќе »

 

Контакт

За подетални информации контактирајте не...
прочитај повеќе »

© 2011 | Македонија Сообраќај | Сите права се задржани.

Designed & developed by Artisoft.